Македонија се простува од својот шампион – почивај во мир Боле

ТАЖНА ВЕСТ Почина Бошко Стаменковски – Македонска Каменица се простува од својот шампион

Денеска, почина Бошко Стаменковски – Боле, човекот кој со својата ведрина, истрајност и љубов кон бодибилдингот, спортот и родниот град го издигна името на Македонска Каменица низ целиот свет, објави Каменица.мк

Роднините, пријателите и сограѓаните се простуваат од својот другар, роднина и пријател кој што остави неизбришлива трага во урбаното живеење на градот.

„Замина шампионот, но засекогаш ќе остане гордост за своето семејство, за Македонска Каменица, светот и за сите што го познаваа“, – напиша неговата сестра, градоначалничката Соња Стаменкова, објавувајќи ја тажната вест.

Почивај во мир, Боле!