Пристигна трагична вест: Мажот по кој се трагаше е пронајден починат

Вчера во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријавил дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште.

– По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште,

во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 околу 06:00 часот бил пронајден починат А.И., информираа од полицијата. 

Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гостивар.