Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:25 часот, во Хрватска.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати 43,8581 северна географска ширина и 16,4703 источна географска должина, во близина на Врлика.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени.
Надлежните служби ја следат ситуацијата.

