Страотна сообраќајна несреќа – едни лице загина

На 25.05.2026 година, околу 21:23 часот, на магистралниот пат Штип–Делчево, во близина на местото викано „Компосара“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С. (48) од Виница, и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ. (42) од Кочани.

Од здобиените повреди, возачот на мопедот, А.Ѓ., починал додека бил транспортиран кон болницата во Кочани. Лекарите на лице место ја констатирале смртта.

По несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, со цел да се утврдат точните околности под кои дошло до судирот.

Истражните органи продолжуваат со работа на случајот.