Трагедија ја потресе Македонија: Младо момче загина во страотна несреќа со мотор

Млад жител на Кочани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на излезот од градот, во близина на местото викано „Грдовска петла“.

Според првичните неофицијални информации, дошло до директен судир помеѓу комбе со винички регистарски ознаки и мотоцикл, управуван од сега веќе починатиот млад човек.

Од силината на ударот, мотоциклистот се здобил со тешки повреди и починал на самото место.

Веднаш по пријавувањето на случајот, на терен излегле екипи на Итната медицинска помош, Министерството за внатрешни работи (МВР) и надлежни дежурни служби.