Ужасна вест: Моторџии зграпчиле и влечеле 12-годишно дете по улица

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Возрасен скопјанец вчера пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево,

му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил 18 -годишно лице од Скопје, кого го познавал.

Потоа тинејџерот го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.