13-годишник е пренесен во болница со изгореници и поради труење од чад, по пожарот што денеска избувнал во стан во центарот на Скопје.
Од МВР информираа дека попладнево, околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар.
Според неофицијалните информации, пожарот избувнал во стан каде детето било оставено само.
Додека тоа готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обидот да го изгаси огнот, детето ги земало запалените предмети и ги изнело на терасата, но таму имало алишта кои се сушеле, па се развил густ чад кој ги вознемири станарите во околните згради.
Детето успеало навреме да излезе надвор од објектот и веднаш потоа со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница во Скопје.

