ВИДЕО Попладнево силно невреме во овој македонски град

Силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и град денеска го зафати селото Црник, во Општина Пехчево, предизвикувајќи проблеми кај локалното население.

Според информациите од жителите, за краток временски период наврнала голема количина дожд, поради што дел од улиците и дворовите биле поплавени.

Граѓаните велат дека водата навлегла и во неколку куќи, при што е предизвикана материјална штета.

Покрај поројниот дожд, невремето било проследено и со силен ветер и град, што дополнително ја влошило состојбата во селото.

Жителите апелираат надлежните институции да излезат на терен и да помогнат во санирање на последиците.