Тежок инцидент со Бугарин во Романија
Раката на турист била искината од мечка
Медиумите објавија дека повредениот е Георги Бижев – претседател на Спортско-техничката комисија при Зонскиот совет на БФС во Велико Трново.
Во аматерско видео, снимено кај браната „Видрару“ во Романија, се гледа автомобил со бугарски таблички, до кој се приближува мечка со своето мече.
Возачот фрла храна кон дивото животно
На крајот од видеото мечката го напаѓа мажот преку прозорецот на автомобилот.
Бижев бил каснат по раката и побарал медицинска помош . Дополнително ќе се утврдува дали ќе има трајни последици.

