Тешка несреќа во Македонија – едно лице го загуби животот

Утрово во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар.

Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во текот на денот ќе биде извршен увид, соопшти полицијата.