Вчера во 19:10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Пирава и Јосифово, валандовско,
мопед со гевгелиски регистарски ознаки управуван од Ф.Д.(18) од Гевгелија, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во дрво.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а повредите биле констатирани во Здравен дом Гевгелија.
Увид на местото изврши екипа на ОВР Валандово.

