Времето денеска (01.06) ќе биде сончево со мала до умерена облачност и утринска температура до 9 а во текот на денот до 32 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Попладне ќе има невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УХМР објави мапа и предупредување:
Метео предупредување за денес (01.06.2026)
Локална нестабилност и услови за краткотрајно невреме.


