Неофицијално, според информации на „Фокус“, во тек е полициска акција поврзана со сомнежи за тендерски постапки, при што неколку лица се веќе приведени, додека за други се преземаат истражни дејствија.
Меѓу нив е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кај кого во моментов се вршат претрес во неговиот дом.
Според првичните информации, акцијата се однесува на сомнежи за местење тендер.
Истражните органи продолжуваат со постапката, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
„Под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае“, соопштија од финансиска полиција.

