Тажната вест ја објавија од скопското средно училиште Цветан Димов.
Со болка и длабока тага ја примивме веста за прераната смрт на нашата сакана ученичка, Ениса Весели.
Сите сме длабоко трогнати од нејзината загуба. Ениса секогаш ќе остане во нашите сеќавања за нејзината добрина, одличното однесување и насмевката што им ја подари на сите.
Во овие тешки моменти директорот, наставниците, учениците и вработените во училиштето изразуваат искрено сочувство до семејството Весели.
Споменот на Ениса секогаш ќе живее во нашите срца.
Почивај во мир Ениса, стои во објавата.

