ТРАГЕДИЈА утрово го потресе регионот: Дете (6) загина во пожар

Фото: Илустрација

Дете (6) загина во пожар што се случи денеска во населбата Лауш во Бања Лука.

Пожарот се случи околу 10:30 часот.

По пријавата, припадници на Противпожарната бригада на Бања Лука, службите за итни случаи и полицијата излегоа на терен.

Неофицијално се дознава дека пожарот избувнал на улицата Караѓорѓева во населбата Лауш.

Мирослав Малиниќ, командант на Противпожарната и спасувачка бригада на Бања Лука, изјави за „Независне новине“ дека пожарникарите добиле пријава дека има пожар во населбата Лауш во Бања Лука.

„Во извештајот беше наведено дека имало пожар во куќа каде што има луѓе, и тоа е сè што можам да кажам. Пожарникарите ја завршуваат интервенцијата и се враќаат“, рече Малиниќ.