Заминаа во Шведска за подобар живот – останаа без ќерката: Македонско семејство две години живее во пекол!

Сашо и Виолета Стојановски од Куманово веќе цели две години живеат во незамислива болка и пекол, откако шведските власти им ја одзедоа 26-годишната ќерка Мелани и ја сместија во институција.

Приказната на ова македонско семејство, која ја пренесува порталот А1он, започнува со надеж за подобар живот.

Тие заминале во Шведска со единствена цел – да ѝ обезбедат подобра иднина, нега и услови на својата ќерка Мелани, која е со Даунов синдром. Но, наместо подобар живот, доживеале болен пресврт кој им го уништил семејството.

Причината поради која шведските служби ја одзеле Мелани е речиси небулозна и доаѓа од комплетно недоразбирање на македонскиот менталитет и семејна блискост.

Социјалната работничка која била доделена да ја надгледува Мелани, како што објави А1он, ги пријавила родителите дека наводно сакаат да ја присилат својата ќерка на принуден брак.

Вистината е сосема поинаква и потресна. Мелани, чија ментална состојба е на ниво на петгодишно дете, постојано ги гледала своите постари браќа кои се во брак и имаат дечиња. Сакајќи и таа да биде како нив, честопати прашувала за свадби, а родителите, за да ја смират и да не ја вознемируваат, со љубов ѝ велеле: „Да, излези, и ти еден ден ќе правиш свадба и ќе се мажиш“.

Шведските служби ова го протолкувале како кривично дело и веднаш ја одзеле Мелани од прегратките на мајката и таткото.

Целата емисија погледнете ја во следното видео.