Тажната вест ја објавија од навивачката група Чкембари.
Со голема тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот брат Дејан Тренчевски – Деки.
Од најмали нозе растеше на Чкембарската трибина, живееше за Пелистер и за Чкембарите, Деки остави траен белег на трибината кој ќе биди вечно запамтен.
Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и најблиските.
Почивај во мир, брате. Твоето место на трибината никогаш нема да биде заборавено, стои во објавата на Чкембари.

