Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица загинале, а четворица се повредени откако земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата.
Ројтерс објави дека нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема штета и урнати згради.
Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го погоди Минданао на јужните Филипини. Земјотресот беше на длабочина од 10 км. Филипинските и соседните индонезиски геофизички агенции издадоа предупредувања за цунами.
Филипинската агенција Phivolcs соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,0 степени и предупреди за можна штета и цунами бранови поголеми од еден метар, кои би можеле да траат неколку часа. Индонезиската агенција BMKG ја процени јачината на земјотресот на 7,7. Бенџи Анчета, началник на полицијата во градот Алабела во филипинската покраина Сарангани, изјави дека веднаш по земјотресот, кој се случил за време на церемонијата на кревање на знамето, се појавиле пукнатини во полициската зграда.
„Ова е најсилниот земјотрес што некогаш сме го почувствувале“, изјави Анчета за Ројтерс. Филипините го доживеаја официјално најсилниот земјотрес во 1918 година со магнитуда од 8,3 степени.
🚨JUST IN: Powerful 7.8-magnitude earthquake hits Philippines
— The Page Z (@ThePageZ_) June 8, 2026
Buildings collapse, panic all around
TSUNAMI ALERT ISSUED pic.twitter.com/1H3GzcFUWn

