Силен земјотрес утрово го стресе регионот – еве каде е епицентарот

Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери.

Земјотресот се случи во 5:13 часот наутро по локално време и предизвика вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше 5,2 степени, објавува Прототема.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Поради континуираната сеизмичка активност, властите одлучија дека неколку основни и средни училишта во областа ќе останат затворени, како мерка на претпазливост.

Противпожарните служби објавија дека се во состојба на зголемена оперативна подготвеност.