НАЈНОВА ВЕСТ: Се огласи Никола Груевски – испрати јасна порака

Никогаш во животот не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко, ниту пак тој бил некаква сериозна тема за било што, објави поранешниот премиер Никола Груевски по шпекулациите кои се појавија во медиумите за наводен негов контакт со Александар Маленко пред заминувањето во Будимпешта.

Лага е дека последните неколку дена пред моето заминување од Македонија со моите деца и поранешна сопруга сум престојувал во хотелот кој тој го именувал во Охрид, а за кој говорел во еден од поткастите во Македонија, што лесно може да се утврди со нивното присуство во училиштето, односно работното место во тоа време, и големиот број средби кои ги имав во тие денови во Скопје.

Во истиот хотел сме престојувале истата година околу седум месеци порано, за време на Велигденските празници, од каде јас прв заминав неколку часа порано пред другите заради обврски.

Таму дознав дека хотелот е во сопственост на таткото на неговата сопруга во тоа време, откако ми пренесоа дека Маленко ме барал за време на појадокот кој тогаш јас го бев прескокнал.

Иако целата измислена приказна на овој човек кој тврди дека бил активист во т.н. шарена револуција е не логична по многу основи, и иако со ретки исклучоци не практикувам да ги демантирам речиси секојдневните напади и лаги кон мене од разни страни, сепак со оглед дека недолжно и неправедно се спомнати членовите на моето поранешно обезбедување, кои немаат никаква врска со моето заминување од Македонија, се одлучив за оваа реакција, наведува Груевски.