(ВИДЕО) Маленко за Канал 5: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид

Поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид, открива за телевизијата Канал 5 познатиот спортист и поранешен менаџер во охридски хотел Александар Маленко.

Во гостување за поткастот „На кавга со Иван“ тој тврди дека тој самиот ја отворил подземната гаража од објектот за да излезе Груевски со возилото марка „Пасат“, кое го управувал шофер, а во кое биле и луѓе од неговото лично обезбедување.

Според тврдењата на Маленко, неговото семејство останало и го продолжило престојот во хотелот.

Според Маленко, во хотелот Груевски дошол со семејството и придружба, три дена претходно со две возила, лично обезбедување, но и возило со службеници од шеста управа при МВР.

Од седми ноќта, по протокол пред да пристигне бил најавен престојот на VIP гостинот, без да се сподели за кого станува збор, како што предвидуваат безбедносните правила за високи функционери.