Тажна вест споделија од колективот на ООУ „Наум Охридски“.
Со голема тага ја примиле веста за смртта на нивната драга колешка Виолета Ѓорѓиевска, наставник по музичко образование.
„Нејзината посветеност, професионалност и човечност ќе останат трајно врежани во спомените на сите кои имаа чест да работат и да се дружат со неа. Зад себе остави неизбришлива трага во нашето училиште и во срцата на учениците, колегите и пријателите“, пишува во објавата.
Во овие тешки моменти, нејзините колеги изразуваат искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските.
„Нека почива во мир, а споменот за неа нека живее вечно“, порачуваат тие.

