Уште една сообраќајна несреќа се случи денеска во близина на бензинските станици кај населбата Три Чешми во Штип, oбјави Мнет телевизија.
Според првичните информации, во несреќата е причинета материјална штета на возилата, а засега нема официјални податоци за евентуално повредени лица.
На местото на настанот увид врши екипа на СВР Штип, која ги утврдува околностите и причините за сообраќајката.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

