УЖАС: 33-годишен маж силувал малолетничка

33-годишен маж уапсен силувал малолетничка со месеци додека престојувал во нивниот дом. Ѝ пренел и заразна болест.

– На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. ж

Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него, информираа од полицијата.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.