Пожар со поголеми размери се појави поладнево на ридовите Клисабаир и Кумлак кои гравитираат кон Штип и населените места, откако ноќеска беше локализиран пожарот на ридовите над градот во месноста Плуждино.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов кој е на местото, рече дека се ангажирани 3 „ер трактори“ со четири пилоти за гасење кои имаа по три лета и пожарот се става под контрола.
Тој, како што кажа, добро го познава овој терен кој е непристапен затоа што уште како дете живеел во една од куќите кои се најблиску до опожарениот рид.
Ангелов апелира, сопствениците на вили превентивно барем да ја остранат тревата во дворите која може да биде опасна за нивните објекти.
Александар Георгиевски кој е вклучен во гаснењето, како поранешен искусен пожарникар смета дека овој пожар е подметнат.

