УДАРНА ВЕСТ: Многу скоро ќе има парламентарни избори – потврди Мицкоски

Многу скоро ќе има парламентарни избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на салата „Расадник“ во скопска Кисела Вода.

Прашан да прецизира дали мисли на предвремени парламентарни избори во 2027 или на редовните во 2028 година, тој повторно не даде конкретен одговор, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да побара опозицијата.

„Политички умно е кога ќе влезете во втората половина на мандатот да бидете подготвени за било какви сценарија. Ние сме кажале дека наша опција која ја преферираме како Влада е редовни избори во 2028, но сме подготвени ако опозицијата побара да излеземе на терен и да победиме“, рече Мицкоски.

Прашан кога ќе има реконструкција на Владата премиерот одговори дека од следната недела ги започнува разговорите со коалиционите партнери.

„Најпрво сакам да ја слушнам визијата, да видиме дали таа визија се поклопува па дури потоа можеме да зборуваме за кадровски решенија“, рече Мицкоски.