Тешка сообраќајна несреќа, младо момче итно пренесено во болница

Шеснаесетгодишно момче од делчевското село Разловци се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Делчево.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 11 јуни во 12:25 часот, кај местото викано „Турски андак“.

Малолетникот, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.

Во несреќата 16-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип, каде што му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Берово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.