Млада девојка од Македонија загина во сообраќајка во Албанија

26-годишна девојка од струшкото село Ливада загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.

Таа била сопатник во возило со македонски таблички кое се судрило со возило со албански таблички.

Според информациите објавени во дел од медиумите, повредени се и возачите на двете возила, како и уште двајца патници кои се наоѓале во возилата.

Сите повредени се пренесени во болница, а според албанските медиуми нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност. 

На местото на несреќата е извршен увид и се работи на утврдување на причините.