Министерството за внатрешни работи извести дека во Штипско било пронајдено починато лице, кое претходно од својот внук било пријавено како исчезнато.
„На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице.
По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот.
Телото било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.

