Трагична вест ја потресе бугарската музичка сцена.
Поп-фолк пејачот Никола Праматаров, познат под уметничкото име Нисана, почина на 43-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди неговото семејство, а неговата мајка, поп-фолк пејачката Каролина, преку објава на социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои упатија зборови на поддршка и сочувство во овие тешки моменти.
Според првичните информации, Никола бил пронајден без знаци на живот во својот дом. Засега нема официјална потврда за причината за неговата смрт.
Никола Праматаров – Нисана важеше за едно од препознатливите имиња на бугарската поп-фолк сцена, особено во доцните деведесетти и почетокот на 2000-тите години.
Информации за комеморацијата и погребот ќе бидат објавени дополнително.
Трагична вест ја потресе бугарската музичка сцена. Поп-фолк пејачот Никола Праматаров, познат под уметничкото име Нисана, почина на 43-годишна возраст.