Следува голема промена на времето

Во Македонија денеска ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степенa.

Сепак, од почетокот на следната седмица се очекува и мала дестабилизација на временските услови.

Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи.

Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.