Голема спасувачка акција – Македонец во последен момент спасен од давење во Грција

70-годишен турист од Македонија, кој бил на одмор во Неи Пори речиси се удавил додека уживал во капење во морето, објавува Прототема.

70 годишникот ја изгубил свеста во водата и за среќа спасувачот брзо го забележал и го извлекол од морето,

а тој не морал да изврши кардиопулмонална реанимација бидејќи човекот се вратил во живот со помош на кислородот што го обезбедиле спасувачите, како што може да се види од фотографијата објавена од protothema.gr.

Македонскиот државјанин бил отпуштен од болница по два дена хоспитализација.