Времето денеска променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува топло време. Во среда на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

