ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски адвокат

Тажна вест доаѓа од Охрид.

На 77 годишна возраст, во Охрид почина познатиот адвокат Сотир Каралиевски.

Во Охрид важеше за човек од градот, секогаш со чиста мисла и со музиката како една од неговите најголеми љубови.

Погребот на Каралиевски ќе се одржи денеска, во периодот од 12:00 до 12:30 часот, на Градските гробишта во Охрид.