Сообраќајна несреќа меѓу два камиона се случила утрово околу 05:30 часот на скопската обиколница кај Мирковци.
Како што јавува Скопје1, во несреќата учествувале две товарни возила, при што едниот возач се здобил со полесни повреди, а едниот камион бил смачкан.
На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а причините за судирот се утврдуваат.
Поради несреќата во утринските часови бил отежнат сообраќајот на овој дел од обиколницата објави Скопје1.мк

Фото: Социјални мрежи

