МЕТЕОАЛАРАМ: УХМР објави мапа со предупредување за Македонија

Денешниот ден носи вистинско летно време низ земјава. Според најавите на метеоролозите, ќе преовладува сончево и топло време, проследено со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури ќе бидат пријатни и ќе се движат меѓу 8 и 18 степени, додека во текот на денот живата во термометарот ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во главниот град се очекува претежно сончево време со повремена облачност. Скопјани ги очекува топол ден, со температура која во најтоплиот дел од денот ќе достигне околу 35 степени.

Метеоролозите најавуваат дека и за време на викендот ќе продолжи стабилното и топло време. Во претпладневните часови ќе преовладува сонце со мала локална облачност, додека во попладневните часови на одредени места ќе има услови за краткотрајна нестабилност и локален развој на облаци.

Граѓаните се советуваат да избегнуваат подолг престој на директно сонце во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности поради високите температури.