Автомобил „поло“ излета од патот – има повредени

Дваесет и едногодишен жител на Прилеп се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утринава на улицата „Орде Чопела“ во Прилеп.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 јуни 2026 година во 02:10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(21) од Прилеп, излетало од патот.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската болница во Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.