Крвав напад, избоден 31-годишен маж

Во скопски Бит Пазар, ноќеска околу полноќ, 31-годишниот Г.Ј. бил примен во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди од остар предмет, информира МВР.

Според првичните информации, вчера околу 23:35 часот, тој бил физички нападнат од повеќе лица, при што еден од напаѓачите – малолетник – употребил остар предмет.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информира МВР во Билтенот.