По неколкудневното стабилно и топло време, метеоролозите најавуваат промена на временските услови.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на двата дена ќе се развива нестабилна облачност која ќе донесе дожд, грмежи и засилен ветер.
На одделни места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силни налети на ветер и услови за појава на град.
УХМР само што објави дека невреме има во околината на Кичево.
Североисточно од скопје има умерен дожд, околината на Кичево на повеќе места нестабилна маса со појава на грмежи, засилен ветер и град!


