Виктор Димитриевски од Македонија победи во „Никад није касно“

Нашиот извонреден Виктор Димитриевски е официјален победник во големото финале на регионалното шоу „Никад није касно“!

Кумановецот успеа да ја освои публиката ширум Балканот и да ги однесе убедливо најбројните SMS гласови во својата татковина.

Со крената статуетка во рацете, тој докажа дека квалитетот и искрената емоција секогаш го наоѓаат патот до срцата на луѓето.

На сцената заблеска во вистинско светло со безвременската македонска песна „Кирјана вино продава“.

Виктор ја претстави нашата земја во најубаво можно светло и покажа како се бранат македонските музички бои со гордост.

Честитките пристигнуваат од сите страни, а публиката заслужено слави уште една голема победа на еден наш артист во регионот.