Мицкоски објави тажна вест: Почина градоначалникот на Брвеница

Тажната вест ја објави премиерот Христијан Мицкоски:

Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат.

Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен.

Вечен спомен!