Вечерва тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Пред Стража, во правец кон Охрид, денеска околу пладне излетал товарен камион од патот. Според фотографијата од инцидентот возилото завршило вон коловозот.

За среќа, во инцидентот нема повредени ниту загинати лица.

На местото на настанот присуствува полиција која го регулира сообраќајот.

Поради излетаниот камион, патот е блокиран на една лента, што предизвикува застој и отежнато одвивање на сообраќајот во насока кон Охрид.

Надлежните служби работат на отстранување на возилото и нормализација на состојбата на патот.