Силно невреме вечерва е регистрирано во Кочани, Виница и околните населени места, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според последните информации во 19:26 часот, невремето е проследено со поројни дождови, грмежи и засилен ветер, а можност за појава на град има и во подрачјата северно од Радовиш.
Од УХМР посочуваат дека нестабилната воздушна маса се движи кон југоисток.
Во меѓувреме, кон Гевгелија осе приближува ново невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Станува збор за продолжение на нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата, вклучително и регионите на Штип, Неготино и Демир Капија, каде локално беше регистрирана појава на град и силни електрични празнења.

