Македонија тагува – Систина ја објави тажната вест: Почина познатиот доктор

Со голема тага од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја соопштија веста за смртта на прим. д-р Драган Христов, специјалист по ортопедска хирургија и еден од најискусните членови на медицинскиот тим.

Од болницата истакнаа дека д-р Христов бил дел од тимот уште од самото отворање на „Аџибадем Систина“ во 2010 година и одиграл значајна улога во развојот на ортопедската хирургија.

„Со неговата стручност, знаење и професионалност ги создаде темелите и го започна развојот на ортопедската хирургија во нашата болница, давајќи несебична поддршка на тимот. Особено сме горди што имавме можност да соработуваме и да учиме од овој голем човек“, стои во објавата на болницата.

Од менаџментот и вработените во „Аџибадем Систина“ упатија искрено сочувство до семејството, пријателите и сите кои го познаваа.

„Изразуваме длабока почит и искрено сочувство од целиот менаџерски тим на КБ „Аџибадем Систина“ и сите вработени. Вечна му слава!“, порачуваат од болницата.

Смртта на д-р Драган Христов претставува голема загуба за македонското здравство и за генерациите пациенти и колеги со кои работеше низ годините.