Седумдесет и осумгодишен пешак се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило товарно возило на локалниот пат меѓу селата Орешани и Зелениково.
Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила на вчера околу 07:15 часот,
кога товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Т.Д. од скопското село Усје, удрило во пешакот Н.Б. (78) од село Студеничани.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

