Сончево и топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денес во Македонија, а максималната температура ќе достигне до 37 степени.
Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност со краткотраен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УХМР информира за невреме во околината на Лозово.
Поизразена нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и можна појава на суградица има во околината на Лозово.


