Новинарот и водител Марко Пантиќ, познат како Лудо Перо, кој ненадејно почина на 26 јуни во Белград на 36-годишна возраст, денеска е испратен во вечниот дом.
Веста за неговата смрт ја потресе јавноста, а бројни пејачи, водители и јавни личности преку социјалните мрежи му упатија последен поздрав.
Меѓу првите се огласи Бресквица, која напиша дека Марко бил човек со кого секогаш искрено се смеела за време на интервјуата и дека било вистинско задоволство да се работи со него.

Емотивни пораки објавија и Тамара Милутиновиќ, Тијана Милентијевиќ, Милица Тодоровиќ, Зорана Миќановиќ, Марија Рамадановски, како и водителите Дарко Танасијевиќ и Милан Милошевиќ, кои истакнаа дека заминал прерано и дека зад себе оставил неизбришливи спомени.
Со трогателни зборови од Марко се прости и Марија Шерифовиќ, која напиша:
Бог понекогаш навистина има планови што не ги разбираме. Перо, патувај насмеан, токму таков каков што сите те познававме.“
Особено емотивна беше и објавата на Слаѓа Алегро, која откри дека Марко бил близок пријател на нејзиното семејство.

