Српската пејачка Маријана Томиќ од Зрењанин почина на 39-годишна возраст по тешка болест.
Тажната вест е објавена на фејсбук-страницата „Музички легенди на Зрењанин“. Веста за смртта на Марија ги потресе сите што ја познаваа, кои се збогуваат со неа на социјалните мрежи.
Маријана починала вчера, само еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден.
На фејсбук-страницата „Музички легенди на Зрењанин“ истакнале дека таа починала прерано бидејќи, за жал, болеста била посилна.
– Со голема тага ја примивме веста дека нè напушти нашата колешка, пејачката Маријана Томиќ. Со својот глас, насмевка и ведар дух, со години разубавуваше многу прослави и остави трага во животите на луѓето кои имаа среќа да ја познаваат. Нејзината љубов кон музиката беше искрена и несебична, а сеќавањето на неа ќе живее преку песните што ги пееше и срцата на сите што ја сакаа. Фактот дека нè напушти само еден ден пред нејзиниот 40-ти роденден е особено болен. Замина прерано, болеста за жал беше посилна, но таа засекогаш ќе остане дел од музичкото семејство на Зрењанин.
Страницата „Музички легенди на Зрењанин“ изразува најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, пријателите, колегите и сите што тагуваат по нејзиното заминување. Почивај во мир, Маријана. Нека ти биде вечна слава и благодарност – се наведува во трогателната објава.

