Тешка сообраќајна несреќа – три лица итно пренесени во болница

Три лица се повредени во сообраќајката што утринава се случи на клучката кон аеродромот во Скопје.

Според информациите од МВР, возило со српски таблички управувано од 34 годишен возач се превртело.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 05:30 часот, кога патничко возило „нисан“ со српски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ. (34) од Република Србија, удрило во метална ограда и се превртело на коловозот.

Во несреќата повредени се возачот и две сопатнички, кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото на несреќата врши екипа на СВР Скопје, под раководство на јавен обвинител.  Сообраќајот на овој дел од утринава беше во прекин.