Страотна несреќа со трактор – едно лице итно пренесено во болница

Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 18:30 часот на улицата „Сараевска“ во Велес, трактор „имт“ со приколка,

со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50) од село Бузалково, велешко, излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.